06 Мај, 2024
0.0256

Секое чудо за три дена: Јавноста го заборави Груевски

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Помина еден месец, а јавноста веќе го заборави бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија и скандалозното добивање на азил во таа земја непосредно пред одлежувањето на затворската казна од две години за случајот „Тенк“.

Унгарските медиуми се помалку известуваат за ситуацијата на долгогодишниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а унгарските институции се уште не испратиле одговор на македонското барање за екстрадиција.

-Нема рок за одговор или екстрадиција на осудено лице, велат од Министерството за правда. Но во претходните искуства со екстрадиција на осудени лица Унгарија како она од септември, на пример, се решавало многу бргу. Сепак, случајот со Груевски е многу специфичен бидејќи станува збор за лице, поранешен премиер, кој има добиено политички азил во оваа земја членка на Европската унија.

Министерството за правда на Република Македонија барањето за екстрадиција го поднесе на 20 ноември оваа година до надлежното унгарско Министерство за екстрадиција, но истиот ден Груевски во статус на својот Фејсбук профил објави дека добил политички азил во Унгарија.

Министерката за правда Рената Дескоска очекува дека Унгарија како земја членка на Европската унија при носењето на одлука за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски ќе се води по европските стандарди и конвенции.

– Наше право е да побараме екстрадиција и според меѓународните важечки документи имаме право и да добиеме екстрадиција. Право на унгарските власти е да одлучат на начин кој сметаат дека треба да одлучат, но јас очекувам Влада, која е земја членка на Европската унија, при носењето на одлуки да се води по европските стандарди и конвенции, особено Европската конвенција за екстрадиција којашто сме ја потпишале и ратификувале и ние и Унгарија, изјави Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред денешната дебата за Предлог-законот за судови.

Во Унгарија засега нема релевантен сведок кој би потврдил дека го видел Груевски со очи. Во меѓувреме, на Груевски во отсуство му се изречени неколку мерки притвор, но притворени се и негови сопартијци и обвинети во дела за кои и тој е обвинет, како Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски…

Последен пат избегалниот поранешен македонски премиер и се обрати на македонската јавност токму преку тој Фејсбук статусот од 20 ноември.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев