18 Мај, 2024
0.0260

Секогаш се прашувавте: Зошто служат малите вреќички со топчиња кои ги добивате со обувки?

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Секогаш кога ќе купите нови обувки, нова чанта, нова облека, добивате и вреќички Силика гел.

Сигурно многупати љубопитно сте ја отворале кесичката за да ја видите содржината ... И ќе пронајдете некакви топчиња, проѕирни.

Но, што е тоа и зошто служат, не пишува никаде. И затоа редовно ги фрлате - што не е паметно бидејќи навистина може да ви послужат. Тие се повеќенаменски.

Може да ги ставите во кутија со алатот. Ќе ви помогнат во спречување на оксидацијата.

Спречуваат собирање на влага.

Ставете ги на шофершајбната, ќе го спречат замаглувањето. Може дури да ви послужат во зачувување на шминките - само ставете ги во вашата козметичка торбичка. Ќе спречат и застарување на фотографиите, а ќе го неутрализираат мирисот на старите книги. Со нив може дури и да спречите пропаѓање на семиња - ставете кесичка во близина на семињата така што ќе ви останат свежи до садењето.

Кога вашиот Силика гел ќе стане розев, тоа е знак дека насобрал многу вода и со загревање треба да го регенерирате.