Секој сам ќе бира понуда за струја, останува и евтината
Објавено во: Економија 23 Август, 2018
Ќе остане и евтината струја, а од први јануари следната година почнува либерализацијата на пазарот на електрична енергија, изјави денеска претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски. Домаќинствата слободно ќе може да избираат од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија. Ќе имаат избор да останат кај универзалниот снабдувач, за што постапката за избор треба да почне во септември, или да изберат кај трговците кои имаат лиценца за тоа, а во моментов се 20-тина.
„Либерализацијата почнува со изборот на универзалниот снабдувач, односно очекувањата се некаде на почетокот на 2019 година. Може да почне либерализацијата и без изборот, бидејќи до изборот на универзалниот снабдувач оваа дејност ќе ја врши ЕВН Македонија. Инаку постапката за избор на универзален снабдувач, треба да почне меѓу 3 и 5 септември и тоа на меѓународен тендер што го спроведува Владата и се очекува до крајот на годината да се избере, рече Бислимовски.