Секој трет купувач на имот е од Србија
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2019
Секој трет купувач на недвижен имот во Црна Гора е од Србија.
Најголем интерес има за купување на имоти во Будва.
Квадрат зависно од локацијата чини од 700 до 3.000 евра.
Имоти купуваат деловни луѓе, но и обични граѓани за да имаат место за одмор.
Но, освен во Будва, станови се бараат и во Котор, Тиват и Херцег Нови.
Добро е тоа што документите се средуваат за ден - два. а за странци потребен е само пасош. Со купувањето на имот се олеснува добивањето државјанство.