03 Мај, 2024
0.0497

Села и Гаши го откачија Али Ахмети на културен начин: Средбата нека биде по 17 август со позната агенда

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши не го прифатија предлогот на Али Ахмети од ДУИ за заедничка средба на сите претседатели на парламентарните албански партии во македонското Собрание на 13 август, односно на денот на Охридскиот рамковен договор.

Двајцата лидери чии партии настапија во предизборна коалиција побараа од Ахмети средбата да биде по 17 август и со „однапред позната агенда“. Инаку ваквото соопштение следува во услови кога до петок (14 август) треба да се формира коалиција на владејачко мнозинство за да се побара мандат за составување на Влада.

„По поканата прифатена за средба на албанските парламентарни партии, би сакале да одговориме дека коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ најпрво се согласува на ваков состанок.

Сметаме дека политичкиот механизам за средба е важен политички инструмент за координација на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија.

Во функција на содржината и плодна средба, би било убаво поканата да има друг предлог за дневен ред, за да можеме да имаме појасна причина за организирање на средбата на албанските парламентарни партии.

Во оваа смисла, разгледајте ја можноста за друг датум, почнувајќи од понеделник (17.08.2020) па натаму, секако со тоа што ќе известите неколку дена порано за агендата.“, стои во заедничкото соопштение на Села и Гаши.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи