26 Април, 2024
0.0393

Сепак ќе одмараат само вакцинирани: Кипар од мај отвора врати за Британците кои примиле две дози

Објавено во: Свет 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Кипар соопшти дека ќе ги отвори своите граници за вакцинираните Британци од почетокот на мај - иако за Британците ограничувањата за патување на владата на Велика Британија сè уште ќе бидат на сила, јавува BBC.

Кипарската влада соопшти дека оние што ги имале и двете дози од вакцините може да патуваат таму без ограничувања од 1-ви мај.

Кипар сè уште не кажа како од британските туристи ќе се бара да докажат дека ги имале обете дози на вакцини.

Заменик-министерот за туризам на Кипар, Саввас Пердиос, рече дека земјата ќе им овозможи на Британците на кои им биле дадени вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), да имаат право да влезат без потреба од негативен тест или карантин.

Од туристите ќе се побара да ја примиле втората доза најмалку седум дена пред патувањето, додаде министерот.

Во моментов вакцините на Pfizer-BioNTech, Oxford-AstraZeneca и Moderna се одобрени за употреба од EMA.

Британските туристи ја сочинуваат најголемата група посетители на островот и направија повеќе од милион патувања на Кипар во 2019 година, според Заводот за национална статистика.

Кипар веќе склучи сличен договор што им овозможува на израелските туристи да влезат во земјата од 1 април.

Грција исто така се согласи да прими посетители од Израел кои можат да го проверат нивниот статус со израелскиот „зелен“ дигитален сертификат.

Владата на Велика Британија сè уште не одобрила сертификат за вакцинација, но министерот Мајкл Гоув рече дека може да биде наскоро. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни