Сепак нема екстрадиција за Горан Грујевски и Никола Бошкоски
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2018
Горан Грујевски и Никола Бошкоски се најдоа на листата со помилувани лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Но оваа листа веќе две години е неважечка, бидејќи самиот ја поништи. Но, за грчкиот Врховен суд е главен аргумент за да им ја уважи жалбата и да не ги екстрадира дома каде што ќе се соочат со судски процеси за масовното прислушување. Адвокатот на разузнавачите вели Грујевски и Бошкоски ќе бидат слободни граѓани во Грција, после осум месеци во притвор.
„Врз основа на помилувањето кое претседателот го има издадено за кривичните дела за кои се гонат, според судот во Атина и според Европската конвенција за човекови права и голем број пресуди како пракса од овој дел судот смета дека амнестијата не може ниту да се повлече ниту да престане нејзината правна сила штом еднаш е издадена од претседателот. После оваа пресуда ќе бидат ослободени и ќе можат да ги уживаат сите слободи и права“, вели Петар Василев.
Повеќе прочитајте во сторијата на Христина Беловска за ТВ24.