06 Мај, 2024
0.0247

Сер Роџер Мур: Во Македонија мислеа дека сум Шон Конери

Објавено во: Свет 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По кусо боледување, на 89 годишна возраст, во Швајцарија почина легендарниот Сер Роџер Мур. Во светот е најпознат како Џемс Бонд, а помалку како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Мур е роден на 14.октомври 1927 година во Стоквел, Лондон, како син единец на Лилијан и Џорџ Алфред Мур. Улогата на Бонд ја доби на 46 години, тогаш најстариот актер кој ја добил „честа“ да го игра култниот Бонд 007, а во таа улога беше седум пати. Започнувајќи од 1973 година со “Live and Let Die” и завршувајќи во 1985 година со “A View to a Kill.”

Роџер Мур отсекогаш бил посветен и страствен поборник за правата на децата и познат по неговата хуманитарна работа.

Во УНИЦЕФ беше претставен од актерката Одри Хепберн и стана амбасадор на добрата волја во 1991 година. Првото патување со УНИЦЕФ му беше во Централна Америка во август 1991 година, каде ги посети Коста Рика, Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Соработката со оваа организација на Обединетите Нации за заштита на правата на децата во светот, го однесе Мур во Гана, Јамајка, Индонезија, Кореа, Јапонија, Холандија, Казакстан, Словенија, Филипини и Мексико.

Цели 26 години како добротворец, Сер Роџер и неговата сопруга Кристина Мур патуваа низ целиот свет за да им помагаат на децата. 

„Јас бев среќен актер, а најголемата среќа доаѓаше од можноста да работам за УНИЦЕФ. Работата со УНИЦЕФ ме научи на скромност и понизност“ рече амбасадорот на добрата волја.

Популарниот Џемс Бонд во 1999, година стана почесен командант на Британската империја и беше прогласен за почесен витез. Токму таа  година, Роџер Мур ја посети Македонија за време на кризата на Косово, кога во кампот во Стенковец беа сместени 300.000 бегалци.  

На децата во кампот им подари играчки, а ги посети образовните центри односно привремени училишта за децата бегалци кои се направија со помош на УНИЦЕФ. 

Британски Гардијан ја пренесува приказната од Скопје, за посетата на оваа актерска ѕвезда на Македонија. Запрашан за неговата мисија, дали е можеби само можност за фотографирање и напредок во кариерата, господин Мур ги собра веѓите и одговори.

„Луѓето можат да бидат цинични ако сакаат. Да, тоа е можност за позирање, но на многу луѓе им е потребна помош“, одговори Мур.

Застанат покрај барот во единствениот хотел со пет ѕвезди во главниот град на Македонија, Скопје, Мур во стилот на агентот малку нажалено изјави: „Сите мислеа дека сум Шон Конери“, пренесува „Гардијан“.

Сепак, хуманитарните организации како УНИЦЕФ знаат дека ниеден бизнис не е како шоу бизнисот за да продолжат донациите и натаму да доаѓаат.

Во 1999 година Роџер Мур стана почесен командант на Британската империја и беше прогласен за почесен витез. Во 2008 година, ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните за неговиот придонес во филмската индустрија. А, четири години подоцна, во 2012 година, доби титула -  почесен Доктор на уметноста за неговиот придонес во британската кинематографија.

Роџер Мур последното патување ќе го заврши во Монако, каде ќе се одржи погребот според негова желба. Неговите деца од него во јавноста се простија со една реченица, која доволно кажува за величината на овој британски шармер. 

“Ти благодариме тако што беше  посебен за многу луѓе”, стои во пораката напишана од неговите деца.

J.M.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук