26 Април, 2024
0.0286

Северен Кипар да преговара за статус на држава, бара Ердоган

Објавено во: Свет 20 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Северен Кипар, кој го признава само Турција, да преговара за статус на држава, бара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Тој  денеска изјави дека мировните разговори за иднината на етнички поделениот Кипар можат да се одржат само меѓу „двете држави" на овој медитерански остров. Ердоган во Никозија, ја повтори позицијата на Турција.  Турција е единствената земја што ја призна Турската Република Северен Кипар, која е самопрогласена по турската инвазија на Кипар во 1970-тите. Ердоган рече дека единствената одржлива опција за ставање крај на спорот со кипарските Грци и меѓународната заедница е да се прифати постоењето на две суверени држави на островот. Република Кипар, која ги опфаќа претежно грчките делови на островот, а меѓународно правно целиот остров, го отфрла решението за две држави затоа што тоа значи суверен статус за држава што ја смета за незаконска.

„Нов процес на преговори може да се спроведе само меѓу двете земји. Ние сме во право и ќе ги браниме своите права до крај“, рече Ердоган.

Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по пучот во Кипар извршен од тогаш владејачката воена хунта во Грција, за време на кој на власт дојдоа поборници за обединување на Кипар и Грција.

Кипарските Турци, во вторникот ја прославија годишнината во северна Никозија. Кипарските Грци се разбудиле од сирени за воздушен напад, со кои е обележана 47-годишнината од турската инвазија во земјата.

Проблемот со поделениот Кипар е актуализиран со спорот на Турција со Грција и Кипар околу истражувањата на резервите на енергенти и отворањето на турскиот дел на Варош, град на духови, кој до војната бил важна туристичка дестинација, а сега е празен град. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни