05 Мај, 2024
0.0228

ШАНСА ЗА ПРИХОД ПЛУС: Старата гардероба ја продаваат на интернет

Објавено во: Економија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

На Фејсбук страници граѓаните од Македонија се почесто ја нудат на продажба гардеробата која е стара или пак ја добиле на подарок, но не планираат да ја носат.

Скопјанка пред 20-тина дена направила профил Женска гардероба каде нуди различни парчиња облека. Вели дека работата оди подобро од она што очекувала.  Скопајнката раскажува дека ова некои луѓе го прават со години и имаат повеќе клиенти,  а таа се труди да има што е можно подобар пристап кон  купувачите. Ја создала  страницата на социјалните мрежи за да го понуди она што веќе е мало, големо, или пак  го добила на подарок, но не е нејзин стил и нема да го носи. Се продаваат чевли, ремени, кошули, панталони, јакни, сакоа, а цените најчесто се движат од 150 до 500 денари. Покрај фотографиите со облеката, има и краток опис за парчето гардероба.

„Има многу поголеми и посериозни страници кои се занимаваат со препродажба на secondhand гардероба.  Целта ми е да ги распродадам сите работи кои не се користат, а зафаќаат место. Најчесто се купуваат детски работи и XL/ XXL гардероба.  Кај мене купуваат само жени,  досега ниту еден маж не се јавил. Жените купуваат во период од 1 до 5 во месецот, кога земаат плата.  Некогаш се случува да продадам 10 парчиња на ден, а некогаш  по недела дена ништо“ – раскажува оваа скопјанка.

Нашата соговорничка објаснува дека уште месец или два ќе продава гардероба, а потоа планира да се пресели во странство.

Граѓаните од друга страна велат дека би купиле ваква облека, но само ако е добро сочувана.

„Зависи колку е сочувана и како изгледа. За мене би било поинаку да отидам и да видам како изгледа,  а вака преку интернет не знам. Малку сум скептична затоа што е онлајн, а онака би купила“ – вели тинејџерка.

За сите идни продавачи вели дека е важно да понудат  добро сочувана, испрана, испеглана облека, по минимални цени и да пристапат со  голема љубезност кон оние кои се заинтересирани да купат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години