02 Мај, 2024
0.0256

Шефот на ЦИА ги прогласи хакерите на WikiLeaks за непријатели на САД

Објавено во: Свет 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) ги нарече WikiLeaks „непријателска разузнавачка служба“, користејќи го својот прв јавен говор на позицијата директор за да ја обвини оваа организација за напад над американските тајни служби. 

Помпео исто така го нарече основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж „измамник“ и „кукавица“. „Време е WikiLeaks да се нарече со вистинското име, а тоа е непријателска разузнавачка служба која често е поддржана од страна на државните актери во Русија“, смета Помпео.

Според него, руската воена разузнавачка служба, за време на изборите во САД ги користела WikiLeaks за дистрибуција на хакираниот материјал од мејловите на членови Демократскиот национален одбор кој ги организираше изборите за Демократската партија чиј главен кандидат беше Хилари Клинтон.

Американските агенции заклучиле дека Русија украла електронска пошта и извршила други работи во корист на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, а на штета на демократскиот кандидат Хилари Клинтон.

Помпео и Трамп, пак, не биле секогаш така критични кон WikiLeaks, потсетува агенцијата Ројтерс, потенцирајќи дека Трамп за време на изборен митинг минатата година во октомври ја фалел оваа организација, порачувајќи дека „ги сака WikiLeaks“


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа