ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА, ОСМАНИ, ПОРАЧА: Македонија влегува во чувствителна фаза на европска интеграција, не сме избрани за нервоза, туку да најдеме решение
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи преку видео порака порача дека сега Македонија влегува во многу чувствителна фаза во која секој од граѓаните ги брои деновите и очекува пристојна разрешница на нашите европски интеграции. Министерот за надворешни посебно истакнува дека, кај него ваквите чувства се уште позасилени.
-Три години ги водев европските интеграции и секое утро се будев со една единствена мисла – да ги започнеме преговорите. Тоа е нормално, човечки. Но тоа не смее да не доведе во дефетизам, имаме премногу вложено, премногу постигнато, едноставно сме премногу блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, нагласува министерот.
Како што посочува тој, како владини претставници, не се избрани за нервоза, туку за да бараат решение.
„Имаме многу пријатели кои сакаат да ни помогнат, многу земји чиј интерес се поклопува со нашиот. Апелирам на смиреност, политичките набои често не соодветствуваат со стварноста. Во земјите членки на ЕУ и во соседна Бугарија постои чувство за одговорност и потреба за изнаоѓање на решение“, уверува министерот.