18 Мај, 2024
0.0273

Шекеринска во Вермонт на средби со гувернерот Фил Скот и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Стивен Креј

Објавено во: Свет 01 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на официјалната посета на САД, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја посети сојузната држава Вермонт каде се сретна со гувернерот Фил Скот и со командантот на Националната гарда, генерал мајор Стивен Креј.

Националната гарда на Вермонт и Армијата на Република Македонија имаат одлична речиси 25 годишна соработка во текот на која повеќе од 7.000 припадници на Министерството и Армијата се запознаа со стандардите, тактиките и техниките на работење на Националната гарда, вооружените сили на САД и НАТО-алијансата.

На средбата со гуверенерот Скот, министерката Шекеринска се заблагодари за поддршката во развојот на соработката на АРМ и националната гарда на Вермонт,  која помогна во реформите на АРМ на патот кон достигнување на стандардите на НАТО.

Шекеринска посочи дека местото на Македонија е во НАТО и дека и Владата и граѓаните се цврсто посветени да ја достигнат таа цел.

„Имплементацијата на реформите во одбранбениот сектор ги развива капацитетите и способностите на АРМ во согласност со стандардите на НАТО, за што добиваме голема поддршка од американската влада, државата Вермонт и Националната гарда на Вермонт“,  рече министерката.

Министерката Шекеринска и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј се согласија дека партнерството на АРМ со Националната гарда е еден од најуспешните примери за соработка.

„Повеќе од две децении Македонија и САД имаат соработка во одбраната базирана на динамичко партнерство, која е од полза за мирот, слободата и безбедноста во пошироки рамки“, рече Шекеринска.

Шекеринска и Креј како еден од најпозитивните примери за интероперабилноста на АРМ и Националната гарда ги споменаа наменските сили Феникс, во чии рамки во 2010 година во Авганистан, интегрирани тимови од Националната гарда и од АРМ рамо до рамо извршуваа најсложени задачи.

Министерката Шекеринска изрази очекување Националната гарда на Вермонт, која  учествувала на многу заеднички вежби на „Криволак“, да  учествува и на големата вежба „Сајбер Гардијан 19“, од која дел, следната година, ќе се одржи и на полигонот „Криволак“.

Шекеринска во Вермонт се сретна и со Ерика Борнеман, директорката на Дивизијата за кризен менаџмент и безбедност - област во која Вермонт и Македонија развиваат функционална соработка.



Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население