ШЕШЕЉ ОСУДЕН: Колку години затвор доби?
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
10 години затвор доби српскиот радикал Воислав Шешељ.
Хашкиот трибунал денеска го прогласи Шешељ за виновен и го осуди на казна затвор во од 10 години. Но, тој нема да оди во затвор затоа што во притворот на Хашкиот трибунал за време на судскиот процес помина вкупно 11 и пол години.
Со првостепената пресуда, судот на Хашкиот трибунал на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, во кое се товареше дека со говор на омраза поттикнал и поддржал воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина за време на војните по распадот на Југославија. На пресудата се жалеше Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.
Тој вчера изјави дека пресудата ќе ја дочека спиејќи.