05 Мај, 2024
0.0228

Шешељ сонува за „Голема Србија“?

Објавено во: Балкан 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Една „Голема Србија“ на Балканот останува актуелна идеа, изјави српскиот екстремен националист за АФП.

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во 2016 година го ослободи Шешељ, чии говори го поттикнуваа српскиот национализам за време на крвавите конфликти во 90-тите години на минатиот век. Тие војни ги однесоа животите на 140.000 лица.

Обвинителството ја обжали таквата пресуда, која според обвинителот Серж Брамерц, имала „обемни грешки“. Според него, Шешељ „пропагирал политика која имала за цел обединување на сите српски територии во една хомогена српска држава, која тој ја нарекуваше Голема Србија“.

По ослободувањето Шешељ одново беше избран за пратеник во српскиот Парламент. Но, 63-годишниот пратеник не гледа никаква причина за жалење. - Таа идеја е актуелна. Ние никогаш нема да се откажеме од идејата за Голема Србија, изјави крупниот маж, кој не замина во Хаг за да ја чуе пресудата на Апелацискиот совет.

Политичката платформа на неговата екстремно десничарска Српска радикална партија останува иста во заложбите за „обединување во една држава на сите територии на кои живее српскиот народ, кој денес е поделен според желбата на големите сили, традиционални непријатели на Србија“.

„Босанците и Хрватите сега навистина се против таквата програма. Ние треба постојано да ги убедуваме дека тие се Срби. На крајот ќе успееме во тоа, бидејќи сите докази се на наша страна, вели тој. - Од телото на српскиот народ вештачки се создадоа нови нации. Две третини од денешните Хрвати се поранешни Срби, кои исповедаат католицизам. Хрватите и денес говорат српски јазик“- додава Шешељ.

Што се однесува до Бошњаците, вели дека тоа се етнички Срби кои преминале во ислам за време на отоманското ропство.

Шешељ смета дека приклучувањето на Република Српска кон Србија е само прашање на време, бидејќи „тоа е желба на српскиот народ кој живее таму“.

Што се однесува до Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, според Шешељ, тоа е „целосно српско“.

Можеби ќе ве интересира

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата