ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ИЗГУБИ ВЧЕРА: По грешка се качило во меѓуградски, наместо во градски автобус, за среќа полицијата го пронајде

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 12:02
Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба.
Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот.
- Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираше СВР Куманово.
Можеби ќе ве интересира
„ПИШТОЛОТ КАДЕ Е НЕ ЗНАМ“: Адвокатот на Палчо, Страшевски вели дека има разлики меѓу доказите на ОЈО и одбраната

ПЕТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Еве во каква состојба се

ДВЕ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ОД 28 И 48 ГОДИНИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР ВО ДЕПОНИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР: Полицијата ги приведе

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ СО ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА - со лажни дијагнози се „цицале“ државни пари за туѓа нега и се делеле инвалидски пензии

МВР: Директор платил сместување за 72 лица, а дошле само 48 гости

Николоски по ОАЕ, оди во посета на Обединетото Кралство

ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ, А ЌЕ МОРААТ И ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ - усвоени измените на Законот за медиуми, еве какви услови ќе мора да исполнат порталите

ОГРАБЕН ДОМОТ НА БИТИЌИ: Му украле сеф со пари и злато, се сомнева дека кражбата е политичка порака

„ИНСПЕКТОРАТОТ НА КАРПОШ УДРИ ПО НЕЗАКОНСКОТО ГРАДЕЊЕ“: Јакимовски се пофали
