Шилегов: Инвеститорот од Мавровка платил за легализирање на сутеренски простории, не за грдосијата
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска на брифинг со новинарите го демантираше Мевљудин Алити, инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка, кој вчера покажуваше документи дека ги платил комуналиите за објектот.
„Не станува збор за комуналии, станува збор за надоместок за легализација на сутеренски простории. Не може да се споредуваат сутеренски простории, со оваа грдосија, да не се правиме „на Тошо“. Тоа не е легализација, рече Шилегов пред медиумите одговарајќи на новинарско прашпање.
Коментирајќи ја ситуацијата со нелегалните градби во главниот град. градоначалникот рече дека постојат слабости на општинско ниво и дека нови законски решенија за децентрализација треба да овозможат оперативност на системот.
- Овие актуелни прописи дозволуваат институционален пинг-понг. Барам повеќе ингеренции за да може да се стави ред. Да го спречиме јавашлукот на терен и да ставиме ред. Пеглање на законските процеси треба да има, додаде Шилегов.