Шилегов: Нема ни време, ни простор за еуфорија
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ја честиташе победата на Стево Пендаровски на претседателските избори и најави повеќе работа.
„Добивме Претседател каков што заслужуваме. Кој ќе не обединува и со кој што ќе одиме напред. Честитки другар Стево. Честитки до сите граѓани. Но, нема ни време, ни простор за еуфорија. Допрва престојат предизвици. На секое ниво. Мора да не биде !!!“, напиша Шилегов.
Градоначалникот на Скопје беше еден од најкритикуваните од таборот на СДСМ по првиот круг од претседателските избори, откако Пендаровски загуби на ниво на главниот град во однос на Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.