29 Април, 2024
0.0270

Шилегов смета дека на Скопје му е потребно градско станбено претпријатие

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ги разгледува можностите за формирање ново градско јавно претпријатие за креирање станбени политики со цел воспоставување системски пристап за суштинско решавање на децениски проблеми. По примерот на формирањето на јавното претпријатие – Градски енергетски системи ГЕС за креирање и контрола на енергетските политики во градот и по решавањето на прашањето околу сопственоста на Дрисла, формирање на градско претпријатие за станбено домување ќе биде еден од приоритети на градот Скопје во текот на следната година.

Градското јавно претпријатие за станбено домување освен тоа што ќе функционира на пазарот на недвижности,  во голема мера ќе овозможи системски пристап за решавање на проблемите со дивите населби, на начин што Градот Скопје на лицата од овие населби ќе им понуди соодветен начин на згрижување со цел нивно економско обезбедување. Системскиот начин на решавање на овој проблем ќе овозможи социјално згрижени лица, но и почиста и поздрава животна средина.

– Со продолжување на процесот на децентрализација во текот на следната година, Градот Скопје ќе биде во можност да креира станбени политики. Како градоначалник се обидувам да ги вратам имотите што му следуваат на Градот. Овој град порано имал свое станбено претпријатите коешто градело и функционирало на пазарот на недвижности. Откако ќе гo решиме прашањето со Дрисла и преземањето на топловодната мрежа, мојот следен приоритет ќе биде да основаме капацитет за станбено домување на Град Скопје кое ќе понуди програми за соодветен начин на згрижување на социјално загрозените лица. Само системски пристап може да овозможи суштинско решавање на деценските проблеми во градот, вели градоначалникот Шилегов.

Тој најави дека ќе  продолжи  расчистувањето на дивите населби и нема да се дозволи нивно повторно поставување, а на лицата ќе им биде понуден соодветен начин на згрижување со цел економско обезбедување на нив и на нивните семејства.

Во однос на оваа проблематика, Градот Скопје во координација со Министерството за труд и социјална политика, изминативе две години води активни политики и како резултат на тоа досега се згрижени околу 80 социјални лица.


Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево