Шише „Кока-Кола“ со вашето име
Објавено во: Стил 16 Март, 2013 19:59
Глобалниот гигант за производство на безалкохолни пијалоци, американската компанија „Кока-кола“ на францускиот пазар ќе лансира ограничена серија од 800 милиони „именувани“ шишиња со нејзиниот најпознат пијалок.
Со цел да им се доближи на купувачите, „Кока-кола“ подготви посебни шишиња на кои ќе бидат испишани по едно од 150-те најчести имиња во Франција.
Овие „именувани“ шишиња ќе ги има и во класичната варијанта на „Кока-кола“, но и во брендовите „Лајт“ и „Зиро“.
Продажбата на ваквата „Кока-кола“ ќе почне во мај и ќе трае два до три месеци.
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




