18 Јуни, 2024
0.0300

Шоферот за кој се чекаше резултат нема коронавирус

Објавено во: Македонија 07 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Шоферот на автобусот со кој допатуваа двајцата ново-заболени пациенти е негативен на корона вирус, информираше пред малку министерот Венко Филипче.

Како што е соопштено, шоферот денес со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце а автобусот тргнат на страна

-До добивањето на резултатите од тестот, тој и патниците беа во неколку-часовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин.

До истекот на 14-иот ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите“, соопштија од надлежното министерство.

Како што се наведува патниците кои денеска пристигнаа со шоферот, по прегледот од епидемиолозите на граничниот премин при кој кај ниту еден не е индицирана болест, се пуштени дома. 

„Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почуствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје“, велат од министерството.

По денеска одржаната прес-конференција, според последната информација добиена од МВР, вкупниот број на патници во автобусот со кој на 27 февруари пристигнале заболените пациенти е 28. Оваа бројка ги вклучува шоферот-сега веќе тестиран и негативен, двајцата заболени пациенти и тројца патници кои ја напуштиле земјата. Сите 22 останати се идентификувани и контактирани. Со решение на ДСЗИ за здравствен надзор со полициска придружба сите остануваат во домашна изолација, а за непостапување по решението следат правни консеквенци.

Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНА И ПРВОТО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Топлотен бран пристигна во Македонија

ПРИСТИГНА И ПРВОТО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Топлотен бран пристигна во Македонија

„ЈА ОФОРМИВМЕ ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА РАСТУРИМЕ ЈУГОСЛАВИЈА И ДА ФОРМИРАМЕ САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА“: Љубчо Георгиевски се огласи за роденденот на некогашната негова партија

„ЈА ОФОРМИВМЕ ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА РАСТУРИМЕ ЈУГОСЛАВИЈА И ДА ФОРМИРАМЕ САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА“: Љубчо Георгиевски се огласи за роденденот на некогашната негова партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, потписниците повикаа тој да се почитува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, потписниците повикаа тој да се почитува

ЗАЕВ ДО МИЦКОСКИ: Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него

ЗАЕВ ДО МИЦКОСКИ: Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

КОЅИЈАС: Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме

КОЅИЈАС: Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки на Meрко

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки на Meрко

НИМИЦ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Почитувајте го, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

НИМИЦ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Почитувајте го, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња