ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА: Терористите лесно би можеле да убијат 100 британски пратеници?
Објавено во: Свет 27 Август, 2017
Од британскиот парламент се појавија податоци за шокантни безбедносни пропусти откако полицијата извела таен симулиран терористички напад во кој можеле да бидат убиени повеќе од 100 пратеници а во зградата на парламентот можело да се влезе за помалку од пет минути, пренесува денес британски Телеграф.
Во пробниот напад, кој го извеле преку ноќ, полицајците преправени во екстремисти користеле чамец како во зградата на парламентот би пристапиле од реката, а потоа лесно влегле во зградата и упаднале во салата на Долниот дом, наведува лондонскиот весник.
„Кога ваквиот напад би се повторил како реален, би можел да предизвика масовни загуби“, се предупредува во текстот.
Вежбата е изведена додека парламентот бил на пауза претходно оваа година,а повеќето пратеници не знаеле ништо за резултатите на тестот.
Меѓутоа, тројца неименувани извори се запознаени со овој инцидент и шокирани од безбедносните слабости кои тестот ги изнел на виделина, го открива Телеграф исходот од тајната полициска вежба.
Еден од изворите заклучил дека јавноста би била „запрепастена“ кога би знаела што се случило, додека други предупредуваат: „Ние сме лесна мета“.