20 Декември, 2025
0.1237

Шпанија руши рекорди на невработеност

Објавено во: Свет 25 Април, 2013 12:13

Добивај вести на Viber

Невработеноста во Шпанија во првиот квартал од оваа година се искачи на рекордни 27,2 отсто од вкупниот број на работоспособното население во земјата. Според последните податоци на државната агенција за статистика, во Шпанија без работа сега има преку шест милиони лица. Ова е најголемата невработеност во Шпанија по 1976 година, периодот една година по смртта на диктаторот Франциско Франко и започнувањето на шпанската транзиција кон демократија. Шпанската економија веќе пет години се наоѓа во криза, па синдикатите најавија нова серија протести против острите мерки за штедење и за кратење на буџетските трошоци. Податоците на агенцијата за статистика откриваат дека во првиот квартал од оваа година е забележан забавен раст на невработеноста, што би можело да биде знак дека веќе е достигнат врвот на кризата. Шпанија е четвртата по големина економија во зоната на еврото. ММФ минатиот месец објави дека вкупниот раст на шпанската економија годинава ќе биде помал од прогнозите што претходно беа давани, дека невработеноста до крајот на 2013 година ќе достигне 27 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот