20 Декември, 2025
0.0512

Шпанската економија ќе се намали за еден до 1,5 проценти

Објавено во: Свет 22 Април, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Шпанската економија оваа година ќе се намали за еден до 1,5 проценти изјави министерот за економија Луис де Гуиндос во разговор за Вол Стрит Журнал, објавен во понеделник. Според официјалните податоци, економијата би требало да се намали за 0,5 проценти, но извор од владата овој месец за Ројтерс изјави дека прогнозата би можела да биде изменета и дека падот би можел да достигне еден процент. Мадрид преговара со Европската комисија за продолжување на рокот за намалување на буџетскиот дефицит во рамки на дозволените граници во Европската унија. Во втората половина од оваа недела во Брисел ќе бидат доставени повеќе детали за трошењето и буџетот. Шпанската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекуваат дека активностите во шпанската економија во оваа година ќе се намалат за околу 1,5 проценти. Премиерот Мариано Рахој изјави дека очекува дека меѓународните и независни тела ќе ја подобрат таа прогноза без оглед на растот на извозот. Министерот за економија во разговорот за Вол Стрит Журнал изјави дека очекува благ раст на економијата во 2014 година. Шпанија во петок ќе објави уште еден пакет од структурните реформи, Аналитичарите очекуваат значителни промени, а Рахој изјави дека ќе го пренасочи фокусот на стимулирање на растот наместо на дополнителните намалувања.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот