Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Објавено во: Мои пари 03 Април, 2025 10:20
Сите нови корисници на апликацијата можат да ја активираат без претходна посета на експозитура со користење OneID.
Шпаркасе Банка АД Скопје ја лансира новата редизајнирана апликација за мобилно банкарство S-Banka, која носи ново подобрено корисничко искуство, а преку кампањата со слоганот „Прескокни го редот, плаќај со мобилна банка!“ се нагласува главната придобивка на апликацијата – нема повеќе чекање во редови, а банкарските услуги се на дофат 24/7. Апликацијата е со софистициран и минималистички дизајн, кој е создаден за да ја поедностави секојдневната потреба од банкарски услуги и ќе ги направи финансиските услуги побрзи и полесни.
Со новиот редизајн, S-Banka, апликацијата за мобилно банкарство на Шпаркасе Банка, ја подобрува својата функционалност нудејќи им на клиентите низа предности какви што се:
· поедноставен пристап до платежни сметки, картички, депозити и кредити
· подобрен начин на плаќање и трансфери
· подобрено менаџирање на картичките
· нов темен режим (Dark Mode)
Новите корисници на S-Banka можат да активираат мобилно и електронско банкарство без посета на експозитура, преку идентификација со OneID. Сите корисници ќе имаат можност да ги уживаат веќе досегашните можности какви што се: промена на лимити за плаќање без посета на експозитура како и одличните функционалности „Плати на пријател“ и „Подели сметка“.
„Продолжуваме да инвестираме во дигитализација и во современи решенија што им ги олеснуваат секојдневните активности на нашите корисници и им овозможуваат да имаат целосна контрола над своите финансии. Со новиот редизајн на S-Banka, нашата цел е да ги направиме финансиските услуги уште полесни и побрзи за нашите клиенти. Шпаркасе Банка преку визионерски пристап во работата и примена на дигиталната трансформација, во иднина ќе додаде многу нови поволности во апликацијата S-Banka што постојано ќе се надополнуваат и со тоа ја потврдуваме нашата мисија – секогаш да ги пресретнеме и да ги исполниме потребите на нашите клиенти“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.
Апликацијата е достапна за преземање за оперативните системи Android OS и iOS.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“
