27 Април, 2024
0.0271

Шпарскасе банка започна да нуди услуги за тргување со хартии од вредност на странските пазари

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на своето Одделение за работа со хартии од вредност,започна да ги нуди своите брокерски и старателски услуги во процесот на тргување со хартии од вредност на странските пазари.

Имено, со преминувањето на Република Северна Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), им се овозможи на домашните банки да посредуваат при купопродажба на хартии од вредност во странство, со што се отвориjа поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица. Согласно со соодветните измени на законската и на подзаконската регулатива во оваа област, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје презеде активности и соодветни подготовки за да биде една од првите банки што ќе им ги нудат овие услуги на своите клиенти.

Во рамките на инвестициското работење, Банката на своите клиенти им нуди брокерски и старателски услуги во 25 земји и на повеќе од 30-ина странски берзи – пазари на капитал, меѓу кои и најголемите берзи во светот: New York Stock, Exchange, NASDAQ, Börse Frankfurt, London Stock Exchange, Tokyo Stock Exchange и др.).

 Услугите на странските пазари опфаќаат:

1.  Брокерски услуги: прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

2.  Старателските услуги: чување хартии од вредност; порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози; наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност; извршување старателски налози поврзани со корпоративни активности како и други услуги по барање и во договор со клиентите.

Со оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите да ги алоцираат своите слободни парични средства и да го диверзифицираат портфолиото преку вложување и дисперзија на ризикот во хартии од вредност на странските финансиски пазари, каде што постои голема понуда на финансиски инструменти и хартии од вредност, повисока ликвидност и транспарентно корпоративно управување на компаниите издавачи. Покрај овие предности, би ги истакнале и можноста за индексирано вложување во т.н. индексни ЕТФ-фондови, можноста за инвестирање во странски должнички инструменти и управување со приносите и ризиците (преку вложување во инструменти од различни издавачи со различни доспевања и приноси), потоа инвестирање во инструменти на стоковите пазари и поврзани со движењето на цените на стоките (на пример, во злато, нафта, пченица, памук итн.) и други можности.

Сите детални информации околу можностите за инвестирањето на странски пазари, листата на пазари и тарифниците за услугите се јавно објавени во деловните простории на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, а исто така се достапни и на веб-страницата на Банката:  https://sparkasse.mk. Заинтересираните клиенти ги повикуваме да нè контактираат и да закажат информативен состанок. 

Податоци за контакт:

tel.: +389 (0)2 3200 785 ; +389 (0)2 3200 710

илина имејл на Одделението за работа со хартии од вредност:

BrokerSP@sparkasse.mk;

Custody@sparkasse.mk  , 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг