Добивај вести на Viber
Претставничкиот дом на САД ги отфрли законските измени, со кои се предвидуваше прекин на финансирањето на програмата за електронско следење на Националната безбедносна агенција.
По бурната расправа во американскиот Конгрес, во која едната страна заговараше право на приватност, а другата зајакнување на националната безбедност и спречување на терористички закани, продолжувањето на програмата за шпионирање на НCА го одобрија 217 членови на Конгресот, додека 205 гласаа против.
На предлог-законот се спротистави и Белата куќа и шефовите на американските разузнавчки агенции, како и републиканските лидери. Тоа беше прв обид да се ограничи дејноста на НСА, откако поранешниот советник на Агенцијата, Едвард Сноуден, обелодени дека постои програма за шпионирање на НСА.