09 Мај, 2024
0.0480

Штајнмаер е нов претседател на Германија - Цврсто против Доналд Трамп

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер (61) е избран за нов претседател на Сојузна Република Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин. Тој е политичар кој важи за голем противник на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп од кого ќе бара поголема одговорност во меѓународните односи. 

Со апсолутно мнзинство од 1260 членови на германското сојузно зобрание во кое членуваат пратениците од Бундестагот, претставници на покраините и други јавни личности номинирани од политичките партии, за наследник на досегашниот претседател Јоаким Гаук го избраа германскиот социјал – демократ, кој на должност како 12-ти шеф на германската држава стапува на 18 март.

Претходно, откако Гаук поради својата старост најави дека нема да се кандидира за втор мандат,а најголемите политички партии ЦДУ/ЦСУ и СПД се договорија Штајнмаер да биде иден претседател на државата, функција која што има претежно симболична улога во германскиот политички систем, во кој главна задача на шефот на државата е да обезбеди единство за главните политички и социјални теми.

Покрај од членовите на германската владина коалиција, Штајнмаер доби поддршка и од претставниците на партиите на „Зелените“ и „Слободните Демократи“ (ФДП).

Штајнмаер, кој е прв претседател на Германија од редовите на СПД од 1999 година, беше министер за надворешни работи на Германија од 2005 до 2009 година и од 2012 до минатиот месец.

Според анкетата на неделното издание на весникот „Билд“ 59 отсто од Германците очекуваат Штајнамер да биде добар, а 19 проценти веруваат дека тој лошо ќе ја врши неговата функција.


Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?