Штедењето го намали буџетскиот дефицит во еврозоната
Објавено во: Свет 22 Април, 2013 13:03
Штедењето, кое како лек им е препашано на бројни европски земји, роди со плод барем кога станува збор за намалувањето на должничкиот товар, покажаа денеска официјалните податоци во Брисел.
Вкупниот јавен дефицит во 17 земји кои како валута го користат еврото минатата година е намален на 353 милијарди евра, во однос на 391 во 2011 година, соопшти Европскиот завод за статистика, а пренесуваат американските медиуми.
Како резултат на тоа, буџетскиот дефицит во цела еврозона стигна до 3,7 отсто од бруто домашниот производ во однос на 4,2 отсто од претходната година.
Иако мерките за штедење и растот придонесуваат за намалување на дефицитот, должничкиот товар во еврознаата е зголемен бидејќи економскиот раст е во мирување. Вкупниот јавен долг во европската монетарна унија во 2012 година изнесуваше 90,6 отсто од годишниот БДП, во однос на 87,3 отсто во 2011 година.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




