20 Декември, 2025
0.0618

ШТО Е „ЗИКА”  ВИРУСОТ: најчесто поставувани прашања!

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2016 08:45

Добивај вести на Viber

Иако здравствените власти во земјава  смируваат дека нема директна опасност од ширење на ”Зика” вирусот во земјава, сепак постои можност лицата  кои патувале во земји каде е присутен вирусот да го донесат со нив. Во моментов според лекарите  ризикот за појава на случаи со зика вирусна инфекција во Македонија е екстремно низок,  бидејќи станува збор за вектор пренослива болест која се пренесува од одреден тип компетентни комарци. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство препорача навремено започнување со ларвицидна дезинсекција, која е планирана за  месец март, но граѓаните стравуваат како  и колку брзо овој вирус  се шири низ светот. Еве кои се најчесто поставуваните прашања и дилеми за вектор преносливата инфекција. Што е “Зика” вирусна инфекција? Зика вирус- инфекцијата е предизвикана од каснување од заразни  Aedes комарци која  обично предизвикува умерена треска, осип, конјунктивитис и болки во мускулите.Вирусот бил изолиран, за прв пат во 1947 година, во шумата Зика во Уганда. Оттогаш,инфекцијата  останала  главно во Африка, со мали и спорадични епидемии во Азија. Во 2007 година, голема епидемија била  објавена  на островот Yap (Микронезија), каде што било  заразено речиси 75% од населението. На 3 март 2014 година се јавува во  Чиле, СЗО го потврди случајот  на пренос кај  домородните населенија на Велигденскиот Остров, каде што вирусот продолжува да биде активен  до јуни 2014 година. Во мај 2015 година, здравствените власти на Бразил  потврдија  појава на вирусот Зика во североисточниот дел на земјата. Од октомври 2015-тата  година присуство на вирусот  пријавиле и други земји и територии во Америка. Кои се симптомите? Најчестите симптоми на зика вирусната инфекција се благи треска и егзантем (црвенило на кожата), обично придружена со конјунктивитис,болка во  мускулите или зглобовите  и општа малаксаност, којашто започнува 2-7 дена по каснувањето од заразениот комарец. zika Едно  од четири заболени лица има симптоми на болеста. Болеста обично е блага и може да трае 2-7 дена. Симптомите се слични на оние на денга или Chikungunya, кои се пренесени од страна на истиот тип на комарец. Невролошките  и автоимуните компликации се реткост, но се опишани во епидемии во Полинезија и од неодамна во Бразил. Како вирус се шири и во Америка, а има случаи и во Европа. Како се пренесува Зика вирусот? Зика вирусот се пренесува на луѓето преку каснување од заразените Aedes комарци. Ова е истиот комарец кој пренесува денга и Chikungunya. Во принцип за пренос на вирусот зика е  потребен вектор (средство за транспорт) за да зарази луѓе, а тој вектор е комарецот. Зика може да се пренесува и  преку крв, но ова еретко. Вообичаените препораки на медицинските лица се да се обезбеди безбедна трансфузија (на пример, здрави донатори волонтери и сл). Дали  може да се пренесува од мајка на дете? Има малку информации за пренос на вирусот од мајката на бебето во текот на бременоста или породувањето. Перинатален пренос е пријавен со други вируси кои  се пренесуваат преку вектори, како што се денга и Chikungunya. Ова не значи дека вирусот е целосно безопасен бидејќи е можно  да се пренесува од бремената жена на бебето во нејзината утроба и може да предизвика вродени дефекти како микроцефалија. Тоа е болест, при што детето се раѓа со многу мали димензии на черепот и мозокот. Во Бразил, каде што се претпоставува дека бројот на заразените со вирусот е околу еден милион, веќе се родиле 4 000 бебиња со микроцефалија што влеа страв кај населението. Но  потврда за поврзаност меѓу вирусот Зика и микроцефалијата не е докажана стопороцентно. Сепак  е многу веројатна, но сеуште не е познато како точно се пренесува вирусот од мајката на плодот и дали новороденчето може да се зарази со вирусот преку мајчиното млеко. Третман и  лекување? Третманот се состои во  олеснување на болката, треската  и било кој  друг симптом кој прави непријатности кај  пациентот.Треба  да се ​​спречи дехидрација, се препорачува да се контролира треската, да се практикува одмор и да се конзумира  многу вода. Не постојат вакцина или специфични лекови за овој вирус. Дали е смртоносен вирусот Зика? Бидејќи  се работи  за  нов вирус кој до сега има ограничен географска и демографска дистрибуција сеуште нема цврсти  докази дека  може да предизвика смрт. Сепак, има спорадични случаи со посериозни манифестации и компликации кај пациенти со претходно постоечка болест или хронична  состојба, предизвикувајќи смрт. zikavirus Како се дијагностицира Зика? Кај повеќето луѓе, дијагнозата се базира на клиничките симптоми и епидемиолошки околности (како Зика појава во областа или патувања на пациентот во области каде што вирусот циркулира). Тестовите на крвта може да помогнат  да се потврди дијагнозата. Некои (вирусолошките тестови PCR) се корисни во првите 3-5 дена по појавата на симптомите, додека другите (серолошки тестови) за откривање на присуство на антитела, но тие  се корисни само по пет дена. Кога еднаш се покажало дека вирусот е присутен во одредена област или територија, лабораториските  испитувања ќе бидат прилагодени на рутинскиот виролошки надзор на болеста. Која е разликата помеѓу Зика, денга и Chikungunya? Сите овие болести имаат  слични симптоми, но одредени симптоми укажуваат на една или друга болест: -Денга обично се манифестира со повисока температура и потешка болка во мускулите, треба да се внимава на предупредувачките знаци како што е крварењето. -Chikungunya  се манифестира исто така со повисока температура и поинтензивни болки во зглобовите, кои влијаат на рацете, нозете, колената и грбот. Па така луѓето не можат да пешачат или да извршат  едноставни активности како што е на пример отворање на шише за вода. -Зика вирусот нема јасни  карактеристики, но повеќето пациенти имаат осип на кожата, а некои имаат и  конјунктивитис. ZikaPF Кои се причините за брз пренос на површина? Постојат два фактори за брз пренос документирани во други земји: Првиот е бидејќи ова е нов вирус во Америка, на кој е подложно целото население без одбрана  и второ  од комарецот  Aedes ширењето е брзо со оглед на климатските услови, температурата и влажноста на воздухот во тропските земји.  Најважно е да се  открие  циркулацијата на вирусот, зајакнување на одговорот на здравствените услуги како и надзорот на сериозни случаи и компликации. Кои мерки треба да се преземат за да се спречи Зика вирусната  инфекција? Превенцијата вклучува намалување, елиминирање и контролирање на Aedes aegypti комарецот и неговото размножување кое ги  намалува шансите дека зика, Chikungunya и денга вирусот ќе се пренесуваат. Да се избегнува стоечка вода во отворени  садови  (саксии, шишиња и контејнери во кои се собира вода), бидејќи таму најчесто комарецот  се  размножува. Да се избегнува  акумулирање на  ѓубре кое треба да се стави  во затворени пластични кеси. Да се користат мрежи против комарци на  прозорците  и вратите  за намалување на контактот меѓу комарците  и луѓето. За да се спречи каснување од комарец, се препорачува луѓето кои живеат во области каде што има случаи на болеста, како и за патниците, а особено бремените жени да ја покријат изложената кожа со долги ракави кошули, панталони, капи, да се консултираат здравствените власти доколку се патува во земјите каде постои ризик од заразата.Потребен е  интегриран одговор вклучувајќи акција во неколку области, здравје, образование и  животната средина. Brazil Zika Virus x СЗО активно работи со земјите од Северна и Јужна Америка каде има индиции  да се развие или одржува вирусот, ги третираат луѓето погодени од оваа болест, спроведуваат  ефективни стратегии за да се намали присуството на комарецот и да се минимизира веројатноста на појава. Поддршката вклучува градење на капацитети на лабораториите да се открие вирусот во одреден временски рок (заедно со други колаборативни центри и стратешки партнери). Советување за комуникација за  ризикот од  вирусот во земјата, подготовка на препораки за клиничката нега и следење на лица со Зика вирусна инфекција, во соработка со професионалните здруженија и експерти од земјите.Следење на географската експанзија на вирусот и појавата на компликации и сериозни случаи преку следење на настаните и известување преку Меѓународниот здравствен правилник. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?