04 Мај, 2024
0.0455

Што им е заедничко на Хари Костов, Алек Теранова и министерот Спасовски

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот Оливер Спасовски од неодамна се вози во бело БМВ 7 кое важи за луксузно возило и на пазарот, ново, чини и до 150.000 евра. Со обезбедување и возач министерот пред неколку дена со својот нов службен автомобил стигнал на познатата Боемска улица во Скопје.

Граѓаните кои го виделе прашуваат од каде апетитот функционерите да се возат со луксузни возила. Велат дека во услови на слаб животен стандард и декларативни заложби за пристојност, нескромно е што на функционерите, возилата и нивната удобност им се приоритет.  


Од Кабинетот на министерот за Фактор велат дека нема ништо спорно што министерот сега има ново возило, но тврдат дека е многу добро што Министерството за возилото нема платено ниту денар. Впрочем автомобилот бил од Агенцијата за управување со одземен имот. Не одговорија сепак кој точно модел е, кога е земен, зошто и колку чини.

„За превоз на министерот Оливер Спасовски се користи возило „БМВ“ кое е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, што подразбира дека за ова возило Министерството за внатрешни работи нема потрошено пари за набавка. Претходно за превоз на министерот Спасовски се користеше возило кое беше заменето поради честите дефекти“, изјавија од Министерството за внатрешни работи.

Од Агенцијата за управување со одземен имот се уште нема одговори на прашањата кои ги постави Фактор, за тоа кога точно му е даден автомобилот на министерот и колкава е неговата вредност. Не одговорија ниту кога бил запленет автомобилот и во каква постапка. Инаку работите кои ги запленува Агенцијата може да се отуѓуваат по правосилни судски постапки.

Инаку додека беше технички министер за внатрешни работи, тогаш владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини Спасовски дека си набавил ново службено ауди.

Според наши информации БМВ 7 во Скопје вози генералниот директор на Комерцијална банка Хари Костов, но и бизнисменот Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Нови серии од оваа марка се вадат секои осум години, а на половина од тој период се вади само нов модел (фејс лифт). Важи за луксузна класа автомобил, која нуди исклучителна удобност. Функционерите пак, служебните автомобили треба да ги возат на терен, за патувања во земјата, и во регионот евентуално. Во Македонија се користат за превоз на функционерите од дома до работа, а очигледно и на некои од вечерните дружби.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра