Што им порача ЕУ на Белград и Приштина?
Објавено во: Балкан 26 Март, 2018
Портпаролката на високата претставничка на Европска унија за надворешни работи и безбедност, Маја Кочијанчич за денешните настани во Косово, ги потсети Белград и Приштина дека мора да ги почитуваат постоечките договори за посетите на официјални лица.
„Несогласувањата за овој договор треба да се решава преку дијалог, а не со каква било ескалација“- вели Коцијанчиќ.
Таа изјави дека двете страни ја потврдија својата посветеност на дијалогот за време на состанокот на претседателот на Косово и Србија во Брисел минатиот петок и порача дека според тоа, сите прашања од заеднички интерес треба да се решат во рамките на дијалогот и во духот на континуираната нормализација на односите.
Коцијанчиќ додаде дека работата во врска со севкупната нормализација на односите е во тек и дека и двајцата претседатели, со посредство на шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ја потврдија својата целосна посветеност по ова прашање.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорите со шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и косовскиот претседател Хашим Тачи во петокот, најави дека и покрај забраната на властите во Приштина, српските официјални преставници ќе го посетат денеска Косово и ќе разговараат со Србите кои живеат таму.
Косовската полиција во северниот дел на Митровица денеска го уапсила раководителот на канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ.