ШТО ИМ ПОРАЧА ТАСЕВСКИ НА ВЛАСТИТЕ - не ме загрижува коронавирусот, туку вашиот став „лако ќе мо ми то“
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020
Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил напиша сериозни критики до властите во земјава за начинот на кој се справуваат со заштита на земјава од коронавирусот.
Еве што тој напиша на својот фејсбук профил.
„Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то!
А ваму, објективно, две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат.
Не може бре да ти доаѓаат луѓе од заразени подрачја, а вие да ги пуштате во државава само со проверка на пасошот и гаќите во куферот. Не може“, пишува Тасевски.
Нагласува дека Кина изградила цела болница за неколку месеци од две или три милијарди долари, ангажираше два милиони луѓе околу карантините и внатре, што војска што полиција, лекари, сестри и други.
„Знаете дека го стрелаат секој што ќе се обиде да го напушти карантинот без дозвола? Го стрелаат“, пишува Тасевски.
Додава дека Вариола Вера епидемијата во 1972 кога дошла во Југославија, карантинот бил таков што пиле не смеело да прелета. Војска и милиција вриело.
„Вие дома ги пуштате без проверка. Карантин јок. Нас ќе не одмине стопосто. Каква корона. Лажни вести.
Се е овде лоша импровизација, ако воопшто ја има. Ние сме говеда без мозок што само се препуштаат на судбината. Инфантилни луѓе на чело на инфантилна држава. Затоа тонеме. Не корона, вошки ќе не изедат кај и да е“, пишува Тасевски.