26 Април, 2024
0.0280

Што им порача Вулин на македонските и другите политичари од регионот?

Објавено во: Балкан 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Mакедонските и другите политичари од регионот да не бараат оправдување за сопствените проблеми во Србија, вели министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања,  Александар Вулин. 

„Србија не е оправдување за било чии проблеми, таа може да биде само фактор на стабилност и да помогне“ -  им рекол Вулин на новинарите во Белград.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој го доби мандатот за состав на нова влада, претходно изјави дека е непријатно на кој начин Србија ги коментира настаните во Македонија, но додал дека ќе се труди да има добри односи со официјалните власти во Белград. Тој го спомена терминот македонско сценарио, кој го употребуваше Александар Вучиќ. 

„Гледајте, Вучиќ ја водеше кампањата и буквално во секој настап зборуваше за македонско сценарио. За жал тоа мене ми беше непријатно да го слушам, тоа како наш сосед зборува за Македонија“ - рекол Заев во интервју за регионалната ТВ Н1.

Вулин одговори дека е непријатно да слуша грди зборови за српскиот премиер Александар Вучиќ, додека сите пораки од Србија се смирувачки.

„Односот на Вучиќ кон Македонија како премиер и како претседател на државата ќе биде максимално добрососедски и со желба Македонија да биде стабилна, но ги молиме сите македонски политичари и политичарите во опкружувањето да не бараат оправдување за сопствените проблеми во Србија“  – рекол Вулин.

Вулин вели дека Македонија минува низ тешки проблеми, а дека Србија добронамерно ја зборува вистината како состојбата во Македонија би се подобрила.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната