02 Мај, 2024
0.0265

Што ќе биде со Брегзит ако Тереза Меј замине од власт ?

Објавено во: Свет 12 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Британската премиерка Тереза Меј, која се соочува со гласање на пратениците од Конзервативната партија за недоверба во нејзиното раководство, порача денес дека евентуално нов лидер ќе мора да го продолжи рокот за излез на Британија од Европската унија, а можеби и да го објасни целиот процес на Брегзит.

-Новиот лидер нема да може да дојде на функција до истек на законскиот рок 21 јануари, така да изборот на новото раководство ризикува контролата над преговорите за Брегзит да ја предаде во раце на опозициските пратеници во парламентот-рекла Меј во обраќањето од Даунинг стрит откако пратениците на нејзините партии за вечерва најавија гласање за недоверба.

Новиот лидер, според зборовите на премиерката, не би имал време повторно да преговара за договорот за повлекување на Британија од ЕУ и да издејствува закон со тоа во врска во парламентот до 29 март кога Британија дефинитивно треба да ја напушти Унијата.

-Затоа еден од првите акти (на новото раководство) морал да биде продолжување или откажување оа активирање на Членот 50, што значи одложување или дури запирање на Брегзит, во момент кога народот сака да продолжиме со тоа-објаснила премиерката.

Истовремено, истакнала дека со се што има ќе се бори за да остане на власт, а воедно повикала странските колеги да ја поддржат, пренесуваат светските агенции.

Повлекување во кризни времиња „иднината на земјата би ја донело во опасност и создало неизвесност сега кога тоа најмалку можеме да си го дозволиме-нагласила Меј.

Ако конзервативните пратеници изгласаат недоверба во раководството на Тереза Меј, таа ќе го напушти челото на владечката Конзервативна партија и функцијата премиерка.

Ако изгуби на гласањето, ќе остане лидер на партијата и премиерка додека не се избере нејзин наследник, а ако победи во наредните година дена нејзиниот статус не може повторно да биде доведен во прашање.

Меѓу многу конзервативни пратеници расте гневот поради начинот на кои Меј раководи со Брегзит, а со гласањето за недоверба таа се соочува само два дена откако го одложи гласањето во парламентот за одобрување на нејзиниот договор за равод со ЕУ, за да не доживее пораз.


Дедо Мраз е против Брегзит (Фото Бета/АП)

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа