05 Мај, 2024
0.0251

ШТО ЌЕ БИДЕ СО МАКЕДОНСКО СЕЛО: Вредеше ли да се потрошат 6,5 милиони евра за мртва природа?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Од денес комплексот „Македонско село“ ќе биде со затворени порти. Ова стана јасно, откако на Фејсбук страната менаџментот ја соопшти одлуката а која подоцна ја потврди и концесионерот. Владата не била информирана.

Клуч на врати на објектот кој ја чинеше државата скоро 6,5 милиони евра. Причината како што велат од концесионерот на комплексот - фирмите „Тинекс“ и хотел „Квинс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ е работа со загуби.

Владата не била запознаена за намерата, ниту информирана за одлуката на менаџментот објектот да биде затворен и да престане да работи а во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку шест месеци однапред.

Вредеше ли да се потрошат милиони за мртва природа? Ревизорите со низа неправилности констатирани пред две години

Овој комплекс распослан на 2.000 метри квадратни  во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ официјално ги отвори портите за посетителите во јуни 2016 година.

Автентичните куќи со традиционалната македонска архитектура може да соберат 100 гости кои можеа да уживаат во хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Фактор на оваа тема пишуваше пред две години, а подолу потстуваме што констатираа ревизорите ...

Се пробиле роковите за изградба

Во текот на реализацијата на проектот, изведувачот се соочувал со голем број  на ситуации кои не се предвидени во основниот договор и кои придонеле за промена на количините на материјалите, што имало за ефект голем број на вишоци и кусоци, дополнителни и непредвидени работи. Од сите тие причини, изведувачот не успеал да ја заврши грдбата во превидениот рок поради што рокот е повеќепати пролонгиран.

Иако, сите средства за изградба на комплексот се обезбедени од Буџетот на РМ, сепак донесена е одлука со овој простор да стопанисува приватна компанија преку воспоставување на јавно приватно партнерство. За таа цел во 2013 година спроведена е постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, но со избраниот понудувач  не е склучен договор. Во мај 2015 година, комплексот се дава на управување на Службата за општи и заеднички работи и Владата повторно започнува постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство.

Со одлуката се предвидува минималниот износ за надоместокот кој ќе го плаќа приватниот партнер да биде 24.000 евра за период од 20 години, се наведува во извештајот на ревизорите.

Неусогласувања при изведбата на ентериерот на Македонско село

Во мај 2013 година, министерството за економија склучило договор за изведба на ентериер за Македонско село во вредност од  1,3 милиони евра.

За оваа намена, врз основа на доставена прва и завршена ситуација во износ од 1,3 милиони евра, во 2013 година исплатени се 650.000 евра, а во 2014 година исплатен е преостанатиот дел.

„Во врска со реализација на договорот извршени се споредбени анализи на доставена докуменатција, прва и завршена ситуација, предмер пресметка, градежна книга и завршниот извештај од надзорот, и констатирано е дека има одредени неусогласувања, посочуваат ревизорите.

Но, исто така додаваат и дека времето на извршување на работите наведено во првата и завршната ситуација во завршниот извештај од надзорот не соодветствуваат со времето на вршење на работите во градежната книга.

„Имено, во завршниот извештај од надзорот е наведено дека изведувачот во целост ја завршил изведбата на 31.10.2013 година иако според градежната книга работите се изведувале во месеците ноември и декември 2013 година“, се наведува во извештајот.

Иако, во завршниот извештај на надзорниот орган и од Комисијата за следење на изведбата на ентериерот на комплексот Македонско село е утврдено дека количински сите елементи се на број согласно завршната ситуација, со извршениот попис на градежните објекти опремата и ситниот инвентар во комлексот утврдени се разлики во однос на завршената ситуација, техничката спецификација и предмер пресметката на изведувачот, односно констатирани се разлики во однос на на бројот и квалитетот на одердени производи, кусок од 263.000 денари и вишок во вредност од 393.000 денари. По констатираната состојба, министерсвото го има задолжено изведувачот кој на 10.09.2015 година го испорачал кусокот на опрема и ситен инветар.

„Неутврдувањето на фактичката состојба на терен од страна на надзорот не е во согласнот со законот за градење и укажуваат на нефункионирање на системот на интерни контроли што можње да има ефект нерално и необјектовно прикаќжување на расходите, предупредуваат ревизорите.

Недоследости при изборот на фирма задолжена за ентериер

На тендерот на кој се барала фирма за изведба на ентериер, било побарано заинтересираните компании да достават листа на изработени и извршени проекти за енетериерно уредување во последните три години во вкупна вредност од најмалку 80.000.000 денари, од кои еден од нив да е со вредност не помала од 40.000.000 денари.

Притгнале четиро понуди. Комисијата за јавни набавки констатирала дека само понудата на еден оператор е прифатлива и соодветна. Економскиот оператор кој е избран од страна на Комисијата, за докажување на техничката или професионална спосбност има доставено постврда за квалитетна изведба од примателот на изведените работи во вкупен изност од 54.408.000 денари.

„Ревизијата не се увери во веродостојноста на приложената потврда од економскиот оператор, имајќи во предвид дека потврдата е издадена од фирма која е категоризирана како мал субјект, а од податоците добиени од Централен регистар, вкупните приходи за 2011, 2012 и 2013 година на субјектот се помали од износот прикажан во потврдата, забележуваат ревизорите.

Неправилности и при приклучување на вододводот

Во април 2014 година министерството склучило договор за водоснабдување на македонско село во вредност од  104.000 евра. Но, и тука се констатирани неправилности.

Комисијата за јавни набавки нема извршено проверка на математичката точност на предмер пресметката од понудата за работите кои се однесуваат на водосанбдување во комлексото македонско село и истата е за 3.800 евра повисока од вредноста на која е склучен договорот.

Договорот склучен помеѓу министерството и изведувачот не ги содржи сите потребни елементи за овој вид работи. Имено со договорот не се прецизно и конкретно регулирани обврските на изведувачот и договорниот орган, условите на квантитатаивна и квалитативна контрола, начинот на примопредавање на изведените работи, определување на одговорноста од евентуални недостатоци, обештетување на други одредби со цел да се избегнат евентуалните проблеми околу реализацијата на самиот проект.

„Констатирани се големи отстапувања на количините на материјалите за одредени позции од завршната ситуиација во однос на предмер пресметка  што имало за ефект голем број на вишоци и кусосци, дополнителни и непредвидени работи, а одредени позиции во вредност од 259.000 денари, воопшто не се вградени. Исто така, постои неусогласеност меѓу градежниот дневник и градежната книга во однос на фактички изведените работи, а за настанатите промени не ни беа доставени писмени согласности од проектантот, навеле ревизорите.


ФОТО: Фејсбук профил на комплексот

Можеби ќе ве интересира

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји