Што кога побарувачката на нафта во светот ќе се намали за 70 отсто?

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020
За 10 години потрошувачката на нафта во светот ќе се намали за 70 отсто.
Користењето на електрични возила, ќе го намали глобалниот раст на побарувачката за нафта за 70 отсто до 2030 година.
Ова го покажува истражувањето на консултантската компанија „Carbon Tracker“.
За 10 години Кина може да заштеди повеќе од 80 милијарди долари годишно за трошоци од увоз на нафта, поради сè поконкурентните возила напојувани од нови извори на енергија.
Ројтерс објави дека истражувањето се заснова на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ). Тоа предвидува електричните возила да сочинуваат 40 проценти од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20 проценти од продажбата во Индија и другите пазари во развој.
Трошоците за увоз на нафта потребна за производство на гориво за просечен автомобил е десет пати повисока од цената за набавка на соларна опрема потребна за производство на електрична енергија за напојување на електрично возило.
Инаку, оваа година цените на нафтата трпеа големи промени поради пандемијата на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира
Енергетска заедница: „Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - тој ќе се доработува

Врнежите направија застој во Суводол: РЕК Битола работи со еден блок, надлежните тврдат дека системот е стабилен

Фатмир Битиќи: Физибилити студија и за Македонски железници - Транспорт и ТЕЦ Осломеј

То Вима: Извонредна енергетска соработка помеѓу Атина и Скопје

Угостителите незадоволни и покрај враќањето на претходното работно време

Инспиративни до срж: Како македонска компанија ги руши стандардите на работењето
