Што му вети Ципрас на Павлопулос за името?
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2018
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас му вети на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос дека ќе „ги зајакне” напорите за решавање на 27- годишниот конфликт за името на соседна Македонија, откако имал „позитивна” средба со македонскиот колега Зоран Заев.
„Ние ќе ги зајакнеме нашите заеднички напори. Постојат многу конфликти кои тежат над нашата надворешна политика. Нема да биде лесно, но ако не најдеме начин да ги решиме, тие ќе доведат до поголеми проблеми за нас во иднина“- рече Ципрас.
Заев и Ципрас се сретнаа во Давос, Швајцарија каде што разговараа повеќе од три часа. Заев по средбата со грчкиот колега најави дека Република Македонија ќе го преименува аеродромот „Александар Македонски” и автопатот, кој ќе се нарекува „Пријателство”.
Медијаторот Метју Нимиц следната недела ќе ја посети Македонија и Грција.