ШТО НАЈАВУВА ВЛАСТА: Пазарџиите засега се спасија од Законот за пазари
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019
По бурните реакции во јавноста пазарџиите привремено се спасија од Законот за пазари.
Една година пролонгирање бара власта за законот кој еден ден им стави клуч на зелените пазари во Скопје а ги остави празни и скопските тезги.
Со ова пролонгирање пазарџиите ја добија битката но не и војната.
Надлежните ќе работат измени откако владеачката гаритура си ја призна грешката.
Согласно законот пазарџиите ќе мораа да плаќаат по 60 евра за лиценца за една тезга а секоја друга по 40 евра.
Истиот тој закон предвидуваше на пазар да не можат да продаваат пензионери или хонорарци.