26 Април, 2024
0.0306

Што направи Саудиска Арабија за скок на цената на нафтата?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пораките на Ријад ја зголемија цената на нафтата над 62 долари. 

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска пораснаа над нивото од 62 долари за барел, поради сигналот од Саудиска Арабија дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери би можеле да го продолжат договорот за ограничување на производството и во втората половина од годината. 

На американскиот пазар, со барелот нафта се тргувало за 53 центи повисока цена од четвртокот, од 53,12 долари.

На лондонскиот пазар цената на барелот скокнала за 73 центи во однос на затворањето на тргувањето претходниот ден и беше 62,40 долари. 

Во одвоен извештај OПЕК денеска објави дека цената на барелот на неговата референтна кошница нафта од членките на организацијата во четвртокот изенсувала 60,88 долари, што значи дека била за 16 центи пониска од претходниот трговски ден.

Трговците во петокот беа преокупирани со изјавата на саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фалих на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург дека цената на барелот од 60 долари е прениска за да ги охрабри вложувањата во секторот. Ал-Фалих изјави дека не сака да се зголеми производството на Саудиска Арабија, за да се надоместат пониските цени на нафтата. Вели  дека враќањето на цените на нивоата од 2014-та и 2015 година би било неприфатливо.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија