Што посака Гутереш од ОН за 2017 година?
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вели дека би сакал 2017 да биде година во која приоритет ќе има мирот.
Гутереш кој на први јануари го замени досегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун порача дека ќе работи да им помогне на милиони луѓе „заглавени“ во конфликти и војни како во Сирија, Јужен Судан, Јемен и Бурунди.
„Никој не победува во овие војни, сите губат“- вели тој.
67 годишниот Гутереш претходно една деценија работеше на мигрантските прашања како висок комесар на ОН за бегалци.