Што се од храна може да внесете во Грција?
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2017
И оваа сезона српските и македонски туристи кои патуваат во Грција на летување се во дилема што смеат да пренесат од намирници и пијалоци преку граници.
Според официјални прописи, во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се членки на ЕУ, а е дозволено со себе да понесете до два килограми млеко во прав за бебе или храна за бебе, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленици.
Кога се работи за овошје и зеленчук, може да се внесат во количина до пет килограми. Што се однесува до внесот на алкохол, лица постари од 17 години во личен багаж може да понесат по литар алкохолен пијалок со алкохолен процент од 22 отсто или помалку од тоа, четири литри вино и 12 литри пиво.
Што се однесува до меѓународната возачка дозвола, прописите велат дека таа веќе не е неопходна (како ни во Македонија) но без неа во Грција би можеле да имате одредени проблеми со наплата на штета доколку учествувате во сообраќајна незгода.
Се работи за тоа поедини осигурителни куќи во Грција при наплата на штета бараат поседување на тој документ. Доколку другиот возач е виновен за несреќата и има осигурување кај осигурувачката куќа која бара меѓународна возачка дозвола, вие нема да мора да наплатите штета на автомобилот. Доколку другиот возач има осигурување кај куќа која не го бара овој документ, штетата ќе ја наплатите без проблем.