30 Април, 2024
0.0251

Што се случува со нашата психа по освојувањето на лотарија?

Објавено во: Стил 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Дали знаете што звучи навистина добро? Да добиете еден милион на лотарија, тоа е тоа. Да, постојаното купување на грепки не изгледа како исклучително рационално решение (особено покрај статистиките), но евентуалната добивка би требало да го направи секој задоволен, дури среќен, нели?

Ново истражување сепак покажа дека ако веќе не сте среќни, дури и да добиете на лотарија, тоа нема да ве направи радосни и дури нема ви ја промени психичката состојба на долг рок.

Спротивно на популарните митови освојувањето на лотарија не отклучува постојани копнежи за шопинг, кои во еден момент ќе ве остават уништени и несреќни. Среќните најчесто испаднат да бидат исто толку среќни колку што беа пред профитот.

Излегува дека освојувањето на лотарија започнува да ги спречува луѓето да ги уживаат малите радости на животот со кои се соочуваме секој ден.

"Во еден момент возбудата од профитот згаснува и дури минатите среќни настани престануваат да го радуваат победникот, бидејќи сè започнува да се оценува во однос на новата реалност и новото ниво кое ја регулира претставата за среќа", коментира Мелиса Дал, еден од авторите на студијата.