Што се случува со тинејџерот Крус кој направи масакр на Флорида?
Објавено во: Свет 30 Март, 2018
Главниот осомничен за масакрот на Флорида, добива писма за поддршка и свои фанови. Николас Крус е обвините за
убиство на 17 лица во средно училиште на Флорида, тој е префрлен во затвор, а
обвинителите најавија дека ќе побараат и смртна казна.
Осомничениот секојдневно добива писма и секси фотографии од девојки кои
пристигнуваат скоро секој ден, но и уплати на пари на затворската сметка.
Во писмата кои пристигнуваат фановите го молат да не изврши самоубиство, како и низа пораки.
„За свои 40 години служба како јавен адвокат никогаш не сум видела волку писма. Секој добива по некое од време на време, но не волку“, рекол адвокатот на Круз, Хауард Финклстин.