Што советуваат српските економски експерти за валутите?
Објавено во: Балкан 06 Јули, 2016
Во Србија има 22.000 станбени кредити, а должниците се 18.000 што значи дека дел имаат и по два кредита.
Економистот Стојан Стаменковиќ ги советува граѓаните да ги менуваат навиките и да штедат во динари. Тој говореше за Брегзит, за турбуленциите кај валутите и за кредити во франци за кои претходно граѓаните беа советувани да не ги земаат во оваа валута.
„Тие кредити беа популарни, како на рулет“ - вели тој.
Тој смета дека е подобро еврата да се менуваат во динари.
За граѓаните кои имаат земено кредити во франци, вели дека не се сите сиромашни, но наместо да направат конверзија во евра, полесно им било да негодуваат.