Што велат од руската амбасада за местенката на руските комичари за Заев?
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019
Од руската амбасада во Скопје е соопштено дека немаат коментар за местенката на премиерот Зоран Заев, односно дека не коментираат „активности на приватни лица“.
Станува збор за инцидентот во кој двајца руски комичари воделе телефонски разговори со премиерот Заев и му се претставувале како украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Заев денеска на прес-конференцијата тврдеше дека ова што го доживеал од двајцата руски комичари не е обична шега, туку како што рече, тој бил жртва на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации.