Што велат осумте пратеници по договорот Заев - БЕСА?
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
Власта, БЕСА и осумте пратеници кои гласаа за отворање на Уставот постигнаа договор.
Владата и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во првата фаза ги поддржаа уставните измени неопходни за усвојување на Преспанскиот договор, успеаа да постигнат договор за конечното усвојување на амандманите на Уставот со што е обезбедено неопходното двотретинско мнозинство.
Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, информираше дека во преговори со Владата и БЕСА на Билал Касами нормативно е допрецизиран начинот на кој ќе биде напишано државјанството на другите етнички заедници.
„Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија“, се вели во испратеното заедничко соопштение.
Сега има двотретинско мнозинство за уставните измени.