Штрајк во Советот на Европа поради платите, пензиите и работната недела
Објавено во: Свет 07 Мај, 2013
Новиот пакет реформи денеска ги дигна на штрајк 3500 вработени во Советот на Европа кои денеска прекинаа со работа на повик на Унијата на синдикатите, најголемиот синдикат на европските јавни службеници.
Со пакетот реформи на Унијата е предвидено 40 работни часови неделно и поголема старосна граница за заминување во пензија. Синдикатот наведува дека во наредните 15 години европските службеници ќе изгубат околу 60 отсто куповна моќ ако државите-членки на ЕУ продолжат со политиката на штедење.
Вработените се незадоволни и од предлогот за зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 63 на 67 години. Растот на платите ќе биде помал, а придонесите за пензии зголемени. Со примена на овие мерки до 2017 година би требало за пет отсто да бидат намалени трошоците на персоналот.
Бруто платите на европските службеници се движат од 4.400 до 18.400 евра за повисоките слубеници, или 2.600 до 4.400 евра за секретари и асистенти.