02 Мај, 2024
0.0254

ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈА ЗАФАТИ ВОЗ: Луѓе скокнаа од вагонот, повеќе од 20 патници се повредени

Објавено во: Свет 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Најмалку 20 патници се здобија со изгореници и други повреди, од кои тројца потешко, откако скокнаа од воз зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.

Возот, кој сообраќал од Сагунто во провинцијата Валенсија, кон Сарагоса, запрел поради пожарот, пренесува Гардијан.

Машиновозачот, кој забележал дека пожарот се шири кон композицијата, го запрел возот и се обидел да се врати назад, пишува британскиот весник.

Тогаш група патници во паника дека пожарот ќе го зафати возот, ги отвориле вратите и ги искршиле прозорците во обид да скокнат од возот, по што оган и чад влегле во вагонот.


Поголемиот дел од патниците ги почувствувале ефектите од чадот, а три лица се здобиле со сериозни изгореници.

Двајца патници со најтешки изгореници, меѓу кои и една 58-годишна жена, се евакуирани со хеликоптер, додека другите, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, се префрлени во блиските болници, соопшти итната помош.

Валенсија е последниот регион во Шпанија каде се забележани големи шумски пожари кои досега уништија десетици илјади хектари земја, а во нивното гаснење учествуваат повеќе дестинации на авиони и хеликоптери.

Фото: Принскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа