05 Мај, 2024
0.0251

Швајцарија ги зголемува залихите на храна, ќе се прават резерви на кафе

Објавено во: Економија 02 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Швајцарија планира да ги зголеми залихите на кафе, пченка, житарки и шеќер, со цел да ги заштити граѓаните од последиците од можните прекини во синџирите на снабдување, климатските промени и вооружените конфликти.

Швајцарија 40 отсто од потребите за храна ги задоволува преку увоз, а според сегашните регулативи, нејзините залихи покриваат три до четири месеци потрошувачка. Тие сега треба да покриваат шест месеци.

Тоа ќе значи огромно зголемување на сегашните 160.000 тони резерви на жито, складирани во силоси, на највисоко ниво од 90-тите години на минатиот век.

„Одлучивме во текот на изминатите две години дека треба да го зголемиме нашите залихи“, рече шефот на управувањето со залихи Питер Леман.

„Проектот го започнавме пред војната во Украина, но јасно покажа дека е многу важно да има резерви. Светот е поранлив денес“, изјави тој за Ројтерс.

А климатските промени може да ја отежнат набавката на соодветни прехранбени производи во иднина, вели шефот на Управата за снабдување.

„Ако синџирите на снабдување се прекинат или жетвата е лоша поради лошите временски услови или сушата, тоа може да има политички последици“, објаснува тој.

„Многу брзо може да настанат проблеми со набавките. Логистичките синџири станаа подолги и поранливи дури и без војната во Украина“, тврди Леман.

Надлежните планираат да изградат повеќе силоси за сточна храна, пченица и ориз, според договорите што државата ќе ги склучи со речиси 100 производители.

Магацините се во сопственост на компании, а нивната задача е да гарантираат самоодржливост во услови на криза, но и производство на храна во случај на „обичен“ недостиг.

Резерви на гориво има и Швајцарија, но засега не планира да ги зголеми. Залихите на бензин и дизел моментално покриваат четири и пол месеци потрошувачка.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години